• недела, 24 ноември 2024

Сребрени и бронзени медали за кумановски кикбоксери на балкански турнир

Сребрени и бронзени медали за кумановски кикбоксери на балкански турнир
Куманово, 26 октомври 2022 (МИА) - Кумановските кикбоксери освоија сребрени и бронзени медали на балкански турнир „WAKO - Балкан опен“, што се одржа викендов во босанскиот град Тешањ, информираа денеска од клубовите „Предатор“ и „Куманово 2006“. Три сребрени и три бронзени медали освоија кикбоксерите на кикбокс-клубот „Предатор“ од Куманово. Христина Бојковска во категоријата помлади кадети го освои второто место, како и Вилиам Трајковски во истата категорија, а Бојан Николовски во категоријата сениори до 84 килограми. Бронзен медал освои Макс Спасовски во категоријата помлади кадети, а Блашко Денковиќ во категоријата постари кадети. Во јуниорска конкуренција со освоен бронзен медал турнирот го заврши Симона Денковиќ. Бронзи освоија и кикбоксерите на КБК „Куманово 2006“ на турнирот. Од овој клуб учествуваа, Лука Велковски, Марко Бошковски и Јосиф Илиевски. - Севкупно сум задоволен од прикажаните борби и настапи на членовите на нашиот клуб и очекувам успех и во иднина, изјави тренерот Сашо Илиевски. На турнирот учествуваа над 500 натпреварувачи од десет држави. ам/свс/

Остани поврзан