• петок, 22 ноември 2024

СП2022: ФИФА го казнува Еквадор поради навивачите

СП2022: ФИФА го казнува Еквадор поради навивачите

Доха, 23 ноември 2022 (МИА) - Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) отвори дисциплинска постапка против Еквадор поради песни со навредлива содржина што еквадорски навивачи ги пееле за време на натпреварот против домаќинот Катар на отворањето на Светското првенство.

ФИФА не прецизираше за кои навивачки песни и навреди станува збор, додавајќи оти отвора постапка во согласност со членот 13. од Дисциплинскиот правилник кој предвидува санкции за „навреди кон достоинството или интегритетот на држава, лице или групи преку упатување непријателски, дискриминаторски и навредливи зборови“.

Тоа е прва дисциплинска постапка на Светското првенство во Катар, што почна на 20 овој месец, а завршува на 18 декември.

Во премиерниот натпревар Еквадор го совлада Катар со 2-0. ег/ми/

Остани поврзан