• петок, 22 ноември 2024

Спроведена акција за расчистување на атмосферска канализација на територија на град Скопје

Спроведена акција за расчистување на атмосферска канализација на територија на град Скопје
Скопје, 7 јуни 2022 (МИА) – Поради најавените дождови во наредните денови, екипите на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, од секторот Канализација денеска спроведоа акција за расчистување на атмосферска канализација на територија на град Скопје. Како што информираат од Град Скопје, акцијата за расчистување на сливниците и шахтите е со цел непречена функционалност на атмосферската канализација во сите општини на град Скопје. -Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, ќе ги продолжат активностите за расчистување на сливниците и шахтите, следејќи ја состојбата со временските услови, со цел непречено функционирање на атмосферската канализација на територија на град Скопје, се наведува во соопштението.свс/дма/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан