• петок, 08 ноември 2024

Спречен шверц на 4,4 тони месо од дивеч ризичен по здравјето на граѓаните

Спречен шверц на 4,4 тони месо од дивеч ризичен по здравјето на граѓаните

Скопје, 13 февруари 2024 (МИА) - Мобилен тим на Секторот на контрола и истраги спречи шверц на 4,4 тони месо од дивеч ризичен по здравјето на граѓаните, што возач на камион во сопственост на грчка фирма сакал да го внесе во државава, соопштија денеска од Царинската управа.

- Месото од дивеч во вредност од 4 милиони денари, ниту било декларирано во царинската декларација ниту пак превозникот за него имал соодветен сертификат, и дозвола од соодветна надлежна институција Агенција за храна и ветеринарство.  Во царинската декларација стоката е декларирана како „пластични палети и подвижни метални рафтови“ со вредност од 3.750 евра или само 5,6 проценти од вкупната вредност на стоката, појаснуваат од Царина.

На терминал на граничен премин Табановце, инспектори со скенер извршиле контрола која покажала дека во возилото освен декларираната стока има и друга стока што не е опфатена со царинската декларација.

- По отворање на возилото во 29 пластични палети е пронајдено замрзнато месо од разен дивеч, зајаци, фазани, еребици, за кои не поседувал никаква документација. Против сторителот е поднесена кривична пријава заради прекршување на Кривичниот законик. Заштита на здравјето на граѓаните и безбедноста на општеството е еден од клучните приоритети на Царинската управа, се вели во соопштението од Царинската управа. цр/

Фото и видео: Царинска управа

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан