• вторник, 18 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Спречен поголем пожар во пехчевски „Суви Дол“

Спречен поголем пожар во пехчевски „Суви Дол“

Пехчево, 6 март 2025 (МИА) - Пехчевските пожарникари - добороволци денеска гаснеа пожар кај место викано „Суви Дол“. Во пожарот, како што информираа, зафатени биле овошни насади, како и сува трева.

- Денеска пет членови на Доброволното противпожарно друштво од Пехчево, заедно со вработени од ПШС „Равна Река“ - Пехчево, интервенираа на пожар на место викано „Суви Дол“, каде гореа сува трева и овошни насади. Пожарот е локализиран во најкраток можен рок, изјавија од ДПД - Пехчево.

Оттаму апелираа да не се пали оган на отворено.

- Се молат сите граѓани да не палат сува трева и грмушки на отворено, бидејки знаеме што се случи минатата година и затоа, да не дозволиме да се повтори вакво сценарио, додадоа од ДПД - Пехчево.

Појава на запалени стрништа и сува трева, деновиве имаше и во атарот на каменичко. вс/бд/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан