• понеделник, 23 декември 2024

Специјалниот пратеник на Канада за ЕУ ​​и Европа во официјална посета на земјава

Специјалниот пратеник на Канада за ЕУ ​​и Европа во официјална посета на земјава

Скопје, 6 февруари 2023 (МИА) - Специјален пратеник на Канада за Европска Унија ​​и Европа, Стефан Дион од денеска до среда ќе престојува во официјална посета на земјава, во чии рамки ќе се сретна со претседателот Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски, министри од Владата, како и со претставници на граѓанските, културните и бизнис заедниците.

Како што соопшти Канадскиот конзулат во Скопје, Фокусот на посетата на Дион на земјава е на реафирмирање и продлабочување на билатералната соработка и односите меѓу Канада и Северна Македонија.

Дион во периодот од ноември 2015 до јануари 2017 е министер за надворешни работи на Канада, по што е назначен за специјален пратеник на канадскиот премиер Жастин Трудо за Европската Унија и Европа. Од 2017 до 2022 година е и амбасадор на Канада во Германија, а во моментов е канадски амбасадор во Франција и Монако.

- Специјален пратеник Дион го застапува канадското лидерство во светот за клучните глобални интереси, вклучително и промоцијата на универзалните човекови права, демократијата, напорите за мир и стабилност, одржливата трговија, глобалниот климатски предизвик и посветеноста на Канада на различноста, се додава во соопштението. сп/

 

Остани поврзан