Спасовски: Четири и пол децении егзистирање на оваа високообразовна институција
- Четири и пол децении егзистирање на оваа високообразовна институција, од оваа дистанца, барем за мене, значат: голем самопрегор, истрајност, научно љубопитство, истражувачка дејност и, секако
![Спасовски: Четири и пол децении егзистирање на оваа високообразовна институција](https://new.mia.mk/images/20230823155717_big_730x400_55.webp )
Скопје, 27 септември 2022 (МИА) - Четири и пол децении егзистирање на оваа високообразовна институција, од оваа дистанца, барем за мене, значат: голем самопрегор, истрајност, научно љубопитство, истражувачка дејност и, секако, воспитување и образување на генерации и генерации академски граѓани, објави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот фејсбук профил.
- Но ваквиот курикулум, сепак, не би бил целосен доколку не се споменат мноштвото научни и стручни трудови од областа на безбедноста или, пак, активната експертска партиципација во многуте нормативни и практични решенија според кои денес функционира институционалниот дел на системот што ја третира проблематиката на безбедноста, напиша Спасовски на фејсбук. цр/дма/