• понеделник, 23 декември 2024

Спасовски се потпиша во Книгата на жалост во Амбасадата на Србија

Спасовски се потпиша во Книгата на жалост во Амбасадата на Србија

Скопје, 5 мај 2023 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска во Амбасадата на Република Србија се потпиша во Книгата на жалост изразувајќи сочувство до семејствата на жртвите и до целиот српски народ по трагедијата во која малолетник во основно училиште уби и повреди соученици. 

- Во овој тежок период со кој се соочува Република Србија сите ние сме сплотени во тагата и сочувството кон семејствата на жртвите. Како соседи и блиски пријатели и во овие тешки мигови сме со вас, а нашите молитви со семејствата на жртвите, напиша Спасовски на својот фејсбук-профил. мс/бак/

фото: Фејсбук 

Остани поврзан