Спасовски во Естонија на средба со министерот за внатрешни работи Лаанеметс
- инистерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, денеска и утре, ја предводи делегација од МВР во Талин, Естонија, каде што ќе има билатерална средба со естонскиот министер за внатрешни работи Лаури Лаанеметс.
Скопје, 18 декември 2023 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, денеска и утре, ја предводи делегација од МВР во Талин, Естонија, каде што ќе има билатерална средба со естонскиот министер за внатрешни работи Лаури Лаанеметс.
Како што соопшти МВР, Спасовски ќе одржи состаноци со раководството на Одделот за полиција и гранична стража и во Естонската академија за безбедносни науки.
Воедно, министерот Спасовски ќе ја посети Амбасадата на Република Северна Македонија во Талин. дма/са/
Фото: МВР