• четврток, 11 јули 2024

Со хеликоптер на МВР ставен под контрола пожарот кај велешкото село Караслари

Со хеликоптер на МВР ставен под контрола пожарот кај велешкото село Караслари

Скопје, 10 јули 2024 (МИА) - Хеликоптер Бел-412 од Одделот за  воздухопловни единици на МВР денеска повторно дејствуваше врз пожар во село Караслари, општина Велес.

Хеликоптерот во 30 налети  исфрли  45 тона вода и во координација со силите на терен дејствуваше за гаснење на преостанатите жаришта, со што пожарот е ставен под контрола. По добиено второ барање од ЦУК, хеликоптерот е упатен и дејствува врз пожар во неготинско, соопшти МВР.са/

Фото/видео: МВР

Остани поврзан