• понеделник, 25 ноември 2024

Со новиот закон Лукашенко си даде доживотен имунитет од кривично гонење

Со новиот закон Лукашенко си даде доживотен имунитет од кривично гонење

Минск, 4 јануари 2024 (МИА) - Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко денеска потпиша закон со кој си додели доживотен имунитет од кривично гонење и спречување на опозициските лидери кои живеат во странство да се кандидираат на следните претседателски избори.

Законот теоретски може да важи за секој поранешен претседател и членови на неговото семејство.

Според текстот на новиот закон, Лукашенко, дури и кога ќе ја напушти власта, „не може да одговара за дејствијата извршени во врска со извршувањето на неговите претседателски овластувања“.

Законот значително ги заострува условите за претседателските кандидати и го спречува изборот на опозициските лидери кои пребегнаа во соседните земји во последните години, бидејќи според новиот закон, само државјаните на Белорусија кои постојано престојувале во земјата најмалку 20 години и никогаш немале дозвола за престој во друга држава имаат право да се кандидираат на избори.
Законот, исто така, наложува на претседателот и на членовите на неговото семејство да им се обезбеди доживотна државна заштита, медицинска нега, животно и здравствено осигурување, а по оставката, претседателот ќе стане и доживотен член на Горниот дом на белорускиот парламент.  зш/

Остани поврзан