Со зголемувањето на терористичките закани Израелците предупредени да не патуваат во странство
- За неколку земји во Западна Европа (вклучувајќи ги Велика Британија, Франција и Германија), во Јужна Америка (вклучувајќи ги Аргентина и Бразил) и Австралија и Русија, предупредувањето е подигнато на второ ниво, што значи дека Израелците во тие земји се советуваат да преземат дополнителни мерки на претпазливост.
Тел Авив, 4 декември 2023 (МИА) - Советот за национална безбедност на Израел денеска издаде предупредувања до своите државјани во врска со патувањето во странство, поради растечкиот антисемитизам низ светот во услови додека војната против палестински Хамас продолжува.
За неколку земји во Западна Европа (вклучувајќи ги Велика Британија, Франција и Германија), во Јужна Америка (вклучувајќи ги Аргентина и Бразил) и Австралија и Русија, предупредувањето е подигнато на второ ниво, што значи дека Израелците во тие земји се советуваат да преземат дополнителни мерки на претпазливост.
Во неколку земји во Африка, вклучително и Јужноафриканската Република и Еритреја и во Централна Азија - Узбекистан, Казахстан и Туркменистан, предупредувањето е подигнато на трето ниво и се советува да се одложи патувањето во тие земји, доколку тоа не е неопходно.
Советот ја повтори препораката Израелците да ја разгледаат неопходноста од сите патувања во странство и ги повика сите оние кои мора да патуваат да не демонстрираат отворено дека се Евреи и Израелци.
Врз основа на ова, со зголемените нивоа на поттикнување насилство, обиди за напади и антисемитизам, Советот препорачува да се преиспитаат сите несуштински патувања. ссм/
фото: архива