• понеделник, 23 декември 2024

Со велосипедско дефиле во Струмица одбележана Европската недела на мобилност

Со велосипедско дефиле во Струмица одбележана Европската недела на мобилност

Струмица, 22 септември 2023 (МИА) - Со велосипедско дефиле по улиците во централното градско подрачје, во кое учествуваа ученици од основните и средните училишта, во Струмица денеска се одбележа Европската недела на мобилност во соработка со Европската куќа Струмица и Министерството за животна средина и просторно планирање.

Настанот се одржа под мотото „Заштедете енергија“, кое го нагласува влијанието што одржливите транспортни решенија го имаат врз климатските цели и врз енергетската и мобилна сиромаштија.

-Тоа подразбира, преземање активности кои ги охрабруваат луѓето да одберат користење на јавен превоз, возење велосипед, да се одлучат за пешачење како и други „чисти“ транспортни решенија, наместо секојдневното користење автомобили. Неопходно е нашите навики за мобилност да бидат во функција на штедење на енергијата, и притоа тие да бидат дел од заедничките- колективни напори. Општина Струмица, во тој поглед, прави се што е во рамки на нејзината надлежност, преземајќи чекори кои водат кон целта-одговорна и енергетски одржлива општина, изјави Томислав Андреев раководител на Одделението за заштита на животната средина при Општина Струмица.

Инаку, Струмица е еден од трите илјади градови од околу 59 земји ширум светот кои ја одбележуваат оваа Европската недела на мобилност, а која претставува водечка кампања на Европската Комисија за подигање на јавната свест за одржлива и урбана мобилност. рт/дма/

Фото: Општина Струмица

Остани поврзан