Со алкохол во крвта од 2.16 промили кавадарчанец возел автомобил и не застанал на знак за запирање
- Со алкохол во крвта од 2.16 промили, кавадарчанец возел автомобил и не застанал на знак за запирање, информираа денеска од СВР Велес.

Кавадарци, 14 април 2025 (МИА) - Со алкохол во крвта од 2.16 промили, кавадарчанец возел автомобил и не застанал на знак за запирање, информираа денеска од СВР Велес.
- Утрово во 00.10 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Д.С.(38) од Кавадарци. На улица „Страшо Пинџур“ во Кавадарци, тој не застанал на знак за запирање, по што продолжил со движење со патничко возило „бмв“ со кавадаречки регистарски ознаки. По преземени мерки, полициски службеници го запреле неговото возило, а од извршените проверки било констатирано дека го управувал возилото со 2,16 промили алкохол во крвта. Д.С. бил задржан во полициска станица, а возилото било привремено одземено, соопштија од СВР Велес.
Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе била поднесена пријава по член 297 А од Кривичниот законик - „безобзирно управување со моторно возило“. свд/
Фото: МИА фото