• вторник, 05 ноември 2024

Социо-еколошки форум Скопје: Прогресивни лидери за праведна и зелена трансформација на земјите од Западен Балкан

Социо-еколошки форум Скопје: Прогресивни лидери за праведна и зелена трансформација на земјите од Западен Балкан
Скопје, 25 септември 2021 (МИА) - Во Скопје денеска ќе се одржи првиот Социо-еколошки форум, прв настан од ваков тип на Западниот Балкан, што ги обединува под еден покрив регионалните и европски прогресивни политички лидери, тинк-тенк и невладини организации, младински лидери и новинари, да дискутираат за чистата и зелена иднина, достапна за сите граѓани на земјите од Западниот Балкан. Како што е најавено од Фондација „Фридрих-Еберт“, воведни обраќања на СЕФ-Скопје ќе имаат премиерите на Република Северна Македонија, Зоран Заев и на Косово, Албин Курти. Предивдено е за време на работниот дел, да се обратат повеќе од 15 панелисти, претставници на прогресивни организации и социјалдемократски партии од регионот и Европа. СЕФ Скопје има за цел да биде почетната точка на голем број разговори, кои ќе донесат до одлучни акции против климатските промени и климатски политики од кои ќе имаат бенефит сите граѓани на земјите од Западен Балкан, но и ќе помогне да се прошири Европскиот зелен договор на Европската Унија. - Социо-еколошкиот форум го трасира патот до иднината кога сите земји од Западен Балкан ќе имаат енергетски ефикасни економии и работни места кои се отпорни на влијанија предизвикани од климатските промени и неодржливите извори на енергија. Социо-еколошка трансформација на овие општества, мора да осигура дека ниту еден граѓанин нема да биде изоставен, се наведува во соопштението од Фондацијата „Фридрих-Еберт“. Социо-еколошкиот форум Скопје 2021 е во организација на Фондацијата „Фридрих-Еберт“, „Олоф Палме“ меѓународниот центар и Прогрес - Институтот за социјална демократија. цр/са/  

Остани поврзан