• понеделник, 23 декември 2024

Состанок на работната група на Жан Моне процесот, ВМРО-ДПМНЕ нема да присуствува

Состанок на работната група на Жан Моне процесот, ВМРО-ДПМНЕ нема да присуствува
Скопје, 8 ноември 2022 (МИА) - Претседателот на Собранието Талат Џафери за денеска свика состанок на Работната група за учество на Дијалогот Жан Моне. Членови на групата се претставници и координатори на пратеничките групи а главно се дискутира за промена или за нов Деловник за работа на Собранието. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски изјави дека нема да присуствува на средбата поради тоа што тие не биле консултирани за денот и тајминог на продолжението на „Жан Моне“ процесот. Претходно на брифинг со новинарите претседателот на Собранието Талат Џафери рече дека е очигледно дека на Собранието му е потребен нов Деловник за работа, бидејќи кој и да дојде да работи со сегашниот Деловник, ќе има проблем. Според него, ваквиот Деловник треба да се донесе во редовна постапка, во две читања и со амандманска расправа. Џафери смета дека со новиот Деловник треба да се решат многу недоречености и проблеми што произлегуваат од сегашниот документ за работа на Собранието, но и да се направат одредени ограничувања, како при носење на одредени закони, така и при избори на одредени функционери. Во годинешниот Извештај за напредокот на земјата на ЕК, беа посочени низа забелешки за работата на Собранието, меѓудругото и дека „Парламентот треба без натамошно одлагање да ги спроведе договорените предлози за внатрешни реформи за време на третиот круг од „Дијалогот Жан Моне“ на почетокот на 2020 година“. ев/нд/ Фото: МИА

Остани поврзан