• понеделник, 09 март 2026

Состанок на Г7 за ситуацијата на Блискиот Исток

Состанок на Г7 за ситуацијата на Блискиот Исток

Париз, 8 март 2026 9МИА) - Состанок на групата Г7, организиран од Франција, ќе биде одржан утре за „проценка на ситуацијата во Персискиот Залив“, соопшти француското Министерство за економија и финансии.

- Овој состанок е специјално организиран како одговор на настаните од последните денови и ќе биде можност за проценка на ситуацијата во Заливот од економска перспектива, се додава во соопштението.

Со состанокот што ќе се одвива преку видеоконференциска врска ќе претседава францускиот министер за економија и финансии Роланд Лескир, кој ќе биде во Брисел на состанок на Еврогрупата. Ќе учествуваат министрите за економија и финансии и претставници на централните банки на земјите од Г7 - САД, Јапонија, Канада, Обединетото Кралство, Франција, Германија и Италија.са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан