Сопствениците на Рома се блиску до избор на нов тренер
- Тренерот на Рома, Клаудио Раниери, откри дека сопствениците на клубот се блиску до избор на нов стручњак кој ќе го води тимот во новата сезона.

Рим, 10 април 2025 (МИА) - Тренерот на Рома, Клаудио Раниери, откри дека сопствениците на клубот се блиску до избор на нов стручњак кој ќе го води тимот во новата сезона.
Раниери изјави и дека никогаш не се сретнал со Ерик тен Хаг и тврдеше дека не го познава, пишува италијанското издание „Ил Месеџеро“.
Го следиме англискиот модел. Почнавме со седум-осум кандидати и ја намаливме листата на три или четири опции. Блиску сме, доста блиску, убеден сум дека ќе пристигне добар тренер, изјави Раниери.
Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, беше забележан на стадионот Олимпико за натпреварот Рома-Јувентус во неделата. Агентите на Холанѓанецот веќе демантираа каков било контакт со клубот од Рим, а Клаудио Раниери потврди дека никогаш не се сретнал со него.
-Верувате ли дека не го познавам? Никогаш не сум го сретнал. Дури прочитав дека сум вечерал со него, но верувајте, никогаш не сум го сретнал, изјави Раниери.
Тој се врати во Рома на трет ангажман во ноември, на местото на Иван Јуриќ. Договорот на Раниери истекува на крајот од сезоната, а тој ќе остане во клубот како советник на сопствениците, откако моментално помага при изборот на нов тренер. дс
Фото: Архива