• понеделник, 08 јули 2024

Сопругата го пратила в продавница, тој се вратил со 100.000 долари

Сопругата го пратила в продавница, тој се вратил со 100.000 долари
Балтимор, 8 февруари 2022 (МИА) - Во семејство од Мериленд (САД), засега неименуван маж отишол во продавницата откако сопругата го испратила да купи пилешко, а тој патем купил и грепка од тамошната лотарија... И, тоа му се исплатило. Таа вечер, по вечерата со вкусно пилешко, човекот ја изгребал грепката и видел дека има добивка. Но не бил сигурен колкава е сумата... Мислел дека се околу 10 долари - колку за враќање на потрошените пари, но проверил преку апликацијата на Лотаријата во сојузната држава Мериленд и сфатил дека освоил 100.000 долари. Следувала голема прослава, а парите се примени на 28 јануари во седиштето на Лотаријата во Балтимор. Семејството парите ќе ги потроши за летен одмор, враќање на долгови, поправка на домот, а ако остане - можеби и за нов телевизор.  си/

Остани поврзан