• недела, 28 април 2024

Сообраќајка кај делчевското село Стамер, сообраќајот на регионалниот пат пренасочен по стариот пат Делчево - Тработовиште

Сообраќајка кај делчевското село Стамер, сообраќајот на регионалниот пат пренасочен по стариот пат Делчево - Тработовиште
Делчево, 16 април 2023 (МИА) - Поради сообраќајна несреќа во атарот на село Стамер, сообраќајот на регионалниот пат Делчево - Пехчево - Берово во моментот е пренасочен преку стариот пат Тработивиште - Делчево, информираа од кол центарот на СВР Штип, а информацијата ја потврдија од делчевската полиција.
Според информациите на Итната медицинска помош која интервенирала на терен во несреќата учествувале две возила, при што три лица се повредени.
-Кај повредените се дијагностицирани повреда на појасна кичма со колкови, повреда на глава со повредна рана и повреда на вратна кичма со повреда на глава. Дел од повредените со возило на брза помош се префрлени во најблиските клинички центри, информираа од Итната медицинска помош во Делчево.
Повеќе детали за несреќата од делчевската полиција најавија во текот на вечерта. вс/нд/
Фото: МИА

Остани поврзан