• среда, 03 јули 2024

Сообраќајка кај делчевското село Стамер

Сообраќајка кај делчевското село Стамер
Делчево, 1 февруари 2022 (МИА) - Сообраќајна несреќа помеѓу две возила се случи утрово неколку минути по 09:00 часот на регионалниот патот Делчево - Пехчево, на местото викано Стамерски преод. Во несреќата забележлива е материјална штета кај двете возила, а како што информираат очевидци кои излегле да пружат помош, нема потешко повредени лица. По извршениот увид од страна на полицијата, како првична причина за несреќата се посочува неприлагодената брзина, иако за точната причина дополнително ќе следи соопштение во полицискиот билтен. Поради снежните врнежи кои од утрово го зафатија Пијанечкиот регион и лизгавиот коловоз, надлежните апелираат на внимателно возење и задолжителна употреба на зимска опрема во возилата. вс/цр

Остани поврзан