• четврток, 04 јули 2024

Сончево со ниски утрински температури и со услови за утринска магла по одделни котлини

Сончево со ниски утрински температури и со услови за утринска магла по одделни котлини
Скопје, 3 јануари 2020 (МИА) - Времето во земјава ќе биде претежно сончево со ниски утрински температури и со услови за утринска магла по одделни котлини. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи од минус еден до минус десет степени, а дневната температура ќе се движи од четири до 12 степени. Во Скопје ќе биде сончево со ниски утрински температури и со услови за утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе достигне до минус четири степени, а дневната температура ќе достигне до осум степени. Во сабота ќе се задржи претежно сончево време со услови за утринска магла по одделни котлини. Под влијание на студена воздушна маса во недела ќе има наоблачување со засилен северен ветер и повремени врнежи претежно од снег. Во почетокот на наредната седмица времето ќе биде стабилно и студено, во понеделник со засилен северен ветер.

Остани поврзан