• четврток, 04 јули 2024

Сончево со мала облачност и утринска магла по котлините

Сончево со мала облачност и утринска магла по котлините
Скопје, 16 ноември 2020 (МИА) – Времето во земјава ќе биде сончево со мала облачност, претпладне по одделни котлини со појава на магла. Преку денот ќе дува слаб јужен ветер. Утринската температура ќе се движи од минус 4 до 2, а дневната од 14 до 19 степени. Во Скопје, претпладне магливо, попладне маглата ќе ослабе и ќе биде претежно сончево. Утринската температура ќе се спушти до минус 1, а дневната ќе достигне до 14 степени. Во вторник и среда ќе преовладува облачно време, од среда и постудено. Во вторник кон крајот на денот, во текот на ноќта кон среда и во среда ќе има повремени врнежи од дожд, кои пообилни ќе бидат во јужните делови.

Остани поврзан