• четврток, 04 јули 2024

Сончево со мала до умерена облачност

Сончево со мала до умерена облачност
Скопје, 15 јануари 2010 (МИА) - Времето во земјава во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. По котлините претпладне ќе се задржи облачно и магливо. Утринската температура ќе се движи од  минус два до еден степен, а дневната температура ќе се движи од шест до 14 степени. Во Скопје ќе биде сончево време со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе достигне до нула, а дневната температура до шест степени. Во следните денови ќе се задржи стабилно и претежно тивко време, по одделни котлини со појава на магла и ниска облачност, особено во претпладневните и вечерните часови. До петок на планинините и на повисоките места ќе провладува сончево и релативно топло време. Слаб до умерен северен ветер ќе има во четврток, а поветровито се очекува да биде од недела.

Остани поврзан