• вторник, 07 мај 2024

Сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северозападен правец

Сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северозападен правец
Скопје, 3 јуни 2021 (МИА) – Времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се движи од 5 до 13, а максималната ќе достигне од 20 до 29 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7. Во Скопје,  сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до 9, а дневната ќе достигне до 25 степени. До сабота времето ќе биде стабилно со пораст на температурата. Во недела попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, а во почетокот на наредната седмица се очекува да биде нестабилно на повеќе места.

Остани поврзан