• понеделник, 01 јули 2024

Сончево и топло со слаб до умерен ветер претежно од јужен правец

Сончево и топло со слаб до умерен ветер претежно од јужен правец
Скопје, 8 август 2021 (МИА) – Времето во земјава ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Утринската температура ќе се движи од 10 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 38 степени. УВ-индексот ќе изнесува 9. Во Скопје, сончево и топло со слаб до умерен променлив ветер. Утринската температура ќе се спушти до 18, а дневната ќе достигне до 38 степени. Во почетокот на работната седмица ќе се задржи претежно сончево и многу топло време со натпросечни температури, кои на југоистокот повторно ќе надминат 40 степени. Услови за изолирана појава на краткотраен дожд и грмежи ќе има во среда попладне.

Остани поврзан