• понеделник, 24 јуни 2024

Сончево и топло до 38 степени, попладне дожд и грмежи

Сончево и топло до 38 степени, попладне дожд и грмежи

Скопје, 4 јуни 2024 (МИА) - Во следните денови ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а во попладневните часови ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Максималната температура ќе биде до 38 степени, соопшти УХМР. 

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Попладне ќе има услови за ретка појава на пороен дожд и грмежи. УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе изнесува 16, а максималната 31 степен. 

Најтопло ќе биде в понеделник, со максимална температура од 30 до 38 степени.  УВ-индексот ќе изнесува 8. мд/са/

Фото: МИА архива

 

 

 

Остани поврзан