• сабота, 10 август 2024

Сончево и топло време со температура до 38 степени

Сончево и топло време со температура до 38 степени

Скопје, 10 август 2024 (МИА) - Времето денеска ќе биде сончево и топло, во источните делови со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието, засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. УВ-индексот ќе има вредност 8, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје најавено е претежно сончево и топло време со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 36 степени.

Според најавите, нѐ очекува сончево и многу топло време, особено во почетокот на следната седмица, кога на повеќе места ќе биде активирано портокалово ниво за опасност од високи температури. бд/аа/

Фото: МИА архива

Остани поврзан