• понеделник, 01 јули 2024

Сончево и потопло со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер

Сончево и потопло со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер
Скопје, 16 јуни 2021 (МИА) – Времето во земјава ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер. Утринската температура ќе се движи од 6 до 15, а максималната ќе достигне од 22 до 31 степен. УВ-индексот ќе изнесува 7. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 12, а дневната ќе достигне до 28 степени. Во следните денови во попладневните часови ќе има појава на локална нестабилност со краткотраен дожд и ретки грмежи, особено во планинските региони. Температурите ќе бидат во постепен пораст.

Остани поврзан