• понеделник, 23 декември 2024

Сончево и многу топло, попладне со услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи

Сончево и многу топло, попладне со услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи
Скопје, 25 јуни 2021 (МИА) – Времето во земјава  ќе биде сончево  и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Утринската температура ќе се движи од 14 до 23, а максималната ќе достигне од 33 до 41 степен. УВ-индексот ќе изнесува 9. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до 20, а дневната ќе достигне до 40 степени. Во следните денови ќе се задржи топло време со услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Извесно опаѓање на температурата ќе има во недела и понеделник.

Остани поврзан