• среда, 03 јули 2024

Сончево со мала локална облачност

Сончево со мала локална облачност
Скопје, 7 септември 2020 (МИА) - Времето ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 17, а максималната ќе достигне од 29 до 35 степени. Во Скопје, сончево со мала облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне 32 степени. Во следните денови ќе се задржи стабилно и сончево време со посвежи утра и со мала до умерена локална облачност во текот на денот. Во вторник ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Остани поврзан