• четврток, 04 јули 2024

СОНК: Учебната година да почне со нова енергија и надеж, нови синдикални искуства и успеси

СОНК: Учебната година да почне со нова енергија и надеж, нови синдикални искуства и успеси
Скопје, 1 септември 2022 (МИА) - Успешна нова учебна година на вработените во образованието им посака лидерот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) Јаким Неделков. -Почитувани колеги, Дозволете ни да Ви посакаме оваа нова учебна година да отпочне со нова енергија, нова надеж, нови синдикални искуства и успеси ... Да ги научиме учениците за работи што не ги знаеле досега. Посакуваме да го извлечеме најдоброто од учениците во оваа претстојна година со нашата напорна работа и трпение. Сѐ најдобро! Среќен почеток!, напиша Неделков на Фејсбук. Наставниците со платата за септември ќе добијат зголемување од 15 отсто договорено меѓу МОН и СОНК по организираниот штрајк пролетта. Самостојниот синдикат за образование, наука и култура вчера ја објави потпишаната Спогодба за повисоки плати во основното и средното образование. Во Спогодбата, потпишана од лидерот на СОНК Јаким Неделков и министерот Шаќири,  стои дека најниската плата за најниската сложеност за вработените во основните училишта изнесува 16.973 денари и дека ќе се применува со исплата за септември 2022 и понатаму. хс/лв/

Остани поврзан