• вторник, 26 ноември 2024

Советот на јавните обвинители ќе ја одржи 67-та седница

Советот на јавните обвинители ќе ја одржи 67-та седница
Скопје, 27 октомври 2022 (МИА) – Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија дернеска ќе ја одржи 67-та седница на која, како што е најавено, ќе треба да гласа за избор на јавни обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција - Скопје. Претседателот на Советот на ЈО, Антонио Јолевски, за МИА појасни дека ќе се гласа за избор на четворица јавни обвинители, по огласот кој е објавен во април годинава. На дневен ред на 67-та седница на Советот, меѓу другото, е и донесување одлука за формирање Комисија за спроведување на гласањето за избор на основен јавен обвинител на ОЈО ГОКК-Скопје. Ова е прв ваков избор на шеф на ОЈО-ГОКК по измените на Законот за јавни обвинители, каде во согласност со член 66 основен јавен обвинител на ОЈО ГОКК се избира од страна на Советот на јавни обвинители по спроведено гласање од страна на сите јавни обвинители во Република Северна Македонија. На огласот за избор се пријавени петмина кандидати, а гласањето ќе биде на 7 ноември. Советот на ЈО во рок од седум дена по гласањето треба да одржи седница на која ќе донесе одлука за именување на јавниот обвинител што добил најмногу гласови од листата на пријавени кандидати. Мандатот на суспендираната шефица на ОЈО ГОКК Вилма Русковска трае до 14 ноември, а за нејзина времена замена на 29 август беше назначен обвинителот Трајче Пеливанов. Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција се избира за време од четири години, од редот на избраните јавни обвинители со право на повторен избор. аа/нд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан