• петок, 05 декември 2025

Советот за човекови права на ОН ќе дискутира за извештаите за брутални злосторства во Ел Фашер во Судан

Советот за човекови права на ОН ќе дискутира за извештаите за брутални злосторства во Ел Фашер во Судан

Женева, 14 ноември 2025 (МИА) - Советот за човекови права на ОН, на итна седница, денеска планира да се осврне на катастрофалната ситуација во суданскиот град Ел Фашер, јави ДПА.

Градот, кој е главен град на регионот Северен Дарфур, пред две недели беше преземен од парамилицијата „Сили за брза поддршка“ (РСФ, која веќе две и пол години се бори против владините трупи во Судан.

Градот е затворен, а работниците за хуманитарна помош тешко можат да влезат, пренесува германската агенција.

Луѓето кои успеале да избегаат и да се сокријат во околните градови, каков што е Тавила, пријавуваат убиства, тортура и воени злосторства.

Координаторот за итна помош на ОН, Том Флечер, моментално е во регионот Дарфур, каде што се наоѓа градот, кој се пишува и како ал-Фашир, јавува ДПА. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан