• понеделник, 23 декември 2024

Совети за токсични родители

Совети за токсични родители

Лос Анџелес, 27 јуни 2023 (МИА) - Токсичните родители обично не се препознаваат себеси, но децата се тие кои ги гледаат негативните примери на нивното штетно однесување. За разлика од другите возрасни лица, малечките не знаат како да препознаат и разберат дека однесувањето на родителот е опасно и штетно на кој било начин.

Токму затоа повеќето луѓе дури во зрелоста сфаќаат дека целото детство го минале под надзор на такво штетно родителство.

Како што објаснуваат психолозите, постојат неколку работи што токсичен родител никогаш не ги прави при воспитувањето дете, т.е. прави сѐ обратно. Тие се следниве: мирно решавање на проблемите и несогласувањата, преземање вина за сопствените „возрасни“ грешки, земање предвид на потребите и чувствата на детето, како и поставување здрави, разумни граници и нивно почитување.  си/сд/

Остани поврзан