• вторник, 24 декември 2024

Собраниска дебата за Предлог одлуката за распределба на средства меѓу буџетските корисници

Собраниска дебата за Предлог одлуката за распределба на средства меѓу буџетските корисници

Скопје, 29 септември 2023 (МИА) - Собранието на Северна Македонија денеска продолжи со работа по 126. пленарна седница со разгледување на Предлог одлуката за распределба на средства меѓу буџетските корисници.

Министерот за финансии Фатмир Бесими во обраќањето истакна дека главна цел на  Предлог одлуката  е распределба на барањата коишто произлегуваат од синдикатите каде што се предвидуваше зголемување на платите на вработените во јавниот сектор за 10 отсто вклучувајќи ја и исплатата за септември и на крајот на годината 10.000 денари К-15, што е дел од Колективниот договор, како и средства за второ зголемување од 6 отсто за пензионерите, според Законот. Тој додаде дека оваа година воведена е Методологија за зголемување на средствата за социјалните трансфери во субвенции. Исто така и поддршката што им се дава на домашните и странските компании, за здравство, односно за лекови за пациентите со цистична фиброза и со дијабет. 

-Вредноста на оваа релокација е околу 300 милиони евра и без да се зголемува дефицитот што е предвиден на почетокот на оваа година. Фискалната импликација на овие измени се за исплата на зголемените плати во октомври, ноември и декември за сите вработени во јавната администрација за што се обезбедени 4,25 милијарда денари, за зголемените пензиите од 6 отсто за пензионерите се обезбедени 3,5 милијарди денари, 1,8 милијарди за поддршка на домашните и странски компании, 800 милиони денари за субвенции, 600 милиони денари за исплата на социјални права за гарантираната минимална помош, 290 милиони денари за зголемениот износ на студентскиот оброк и стипендии за ученици и студенти, 260 милиони евра за превод, печатење и откуп на учебници за основно и средно образование, 110 милиони денари за справување со Африканската чума, 100 милиони денари за набавка на лекот „Трикафта“ за 55 пациенти, како и 20 милиони денари за дигитални сензори за мерење на шеќерна болест., рече министерот за финансии.

Тој нагласи дека за да се направи оваа релокација тоа е направено од ставки каде има помала динамика на реализација, со заштеди и зголемени приходи од придонеси.

-Начинот како го имавме овој пристап треба да се искористуваат проекти коишто имале помал обем особено тие што се финансирани од надвор, особено да не се прекинат инвестирањата, но да бидат искористени на рационален начин надвор. Од почетокот на годината до сега, ако соодветните институции имаат простор да се реализира оваа побрзо динамика, таму ќе се одвиваат работите.

Министерот Бесими истакна дека тоа што е значајно е што во текот на комисиската дебата во врска со оваа релокација на средствата се прифатени неколку амандмани - шест амандмани од мнозинството и два амандмана од опозицијата. 

-Гарантираме дека во текот на оваа година Буџетот ќе биде ликвиден и дека ќе се сервисираат обврските за исплата на плати, пензии и други обврски, како и за средства за справување со предизвиците од кризата, рече Бесими.  

Според пратеникот Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ, во однос на Предлог одлуката оцени дека практично станува збор за класичен ребаланс на буџет, само со скратени рокови, со цел да се сокрие од јавноста за пропадната економија и очигледната политичка тенденција на мнозинството од власта да ги укочи општините во својот развој, како и да направи буџет кој што ќе одговара само на она поведение актуелно, вели во изминатите чест години, а тоа е доделување на тендери и договори во четири очи што ќе го поздрават оние од Пиксел груп, Еуровиа, Соравија.  

- ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи ваква предлог одлука, бидејќи сето она кое што е инкорпорирано во неа служи за богатење на поединци, на сметка на граѓаните. Се крати од капитални инвестиции, и до крајот на годината нема да се реализира ниту еден капитален проект, и тие кои што се останати се одземаат средствата од нив. Во оваа предлог одлука нема средства за помош на граѓаните за антикризни мерки во услови кога цената на храната е поскапена за над 50 проценти. И кога вели помага на граѓаните, но не од буџетот туку со репресивни мерки кон стопанството, вели меѓу другото Стојановски.

Во делот на општините, Стојановски рече Владата крати околу 100 милиони денари капитални дотации за општините за проекти и не сака да повлече пари од заеми, за што ќе плати камати само за да не им помогне на општините.

-Знаете ли каде има плус, во ставка на набавка на нови возила за МВР, но не за оперативни туку за луксузни возила за министерот, заменикот, државниот секретар и партиските началници, а кој тендер повторно, чудно, ќе го добие една кумановска фирма... Оваа предлог одлука која нема да помогне на граѓаните, која нема да ја намали цената на храната, нема да ги стимулира капиталните инвестиции, нема да се изградат нови градинки и училишта, нема средства за нов пат или автопат... Средствата од оваа одлука нема да ги добијат граѓаните и стопанството, но ќе гледаме избор на подизведувачи на автопати и сомнителни проекти од ваквиот начин. Токму затоа ова нешто што е ситно и задоцнето за плати и пензии ќе го поддржиме. Но нема да поддржиме очигледен сторен криминал, затоа што ваквикриминални одлуки никогаш нема да поддржиме. Ова е срам за една држава и дно, подвлече Стојановски.

Министерот Бесими реплицираше дека со оваа одлука ќе нема зголемување на дефицитот, а ќе се одговори на сите неопходни потреби кои произлегоа.

-Во однос на капиталните расходи обајснив дека и со оваа одлука тие ќе бидат над дефицитот кој останува непроменет на 42,8 милијарди денари а капиталните на 44, 2 милијарди денари. И со ова одлука капиталните расходи како дел од БДП но и како учество во самиот буџет заземаат значително и тој нагорен тренд продолжува во однос на структурата на буџетот. Ако во 2018 капиталните расходи биле 6,7 отсто од расходите на буџетот, сега со одлуката се на 13,6 отсто... Во однос на динамиката споредна со претходните години таа има нагорен тренд. Во однос на општините, учеството од ДДВ во 2021 беше изгласано да има поголема поддршка а и реализацијата на проектите на национално ниво ќе продолжи со оваа одлука да се реализира навремено. Нема да има ниту еден проект кој заради оваа одлука ќе престане да се реализира. Оваа одлука дава шанса на брзо адресирање на сите предизвици, а да нема промена на реализиацијата на тие проекти особено на тие кои што се финансираат со странско задолжување кои значат дополнителни камати доколку се повлечат, а не се реализираат, рече Бесими.

Пратеникот од СДСМ Диме Велковски му реплицираше на Стојановски дека не е е во право кога тврди дека овие финансиски средства нема да ги добијат ниту граѓаните ниту стопанството.

-Сакам да ве потсетам дека ние во државата сме имале години каде што во една година имало два ребаланса, па имало пред програм. Ќе ве потсетам тие години не се пред три, четири, пет години, значи биле малку поодамна. Овде немаме ребаланс, овде има, како што кажа и миинистерот, а добро знаете и вие, дека се 300 милиони евра кои треба да се релоцираат од едно во друго место од една ставка во друга ставка, бидејќи за овие месеци од почетокот на оваа година имаме нови проблеми условно кажано. Еве да ја споменам само Африканската чума која што, не само кај нас, ја има и во околината, и мора да се обезбедат 110 милиони денари коишто се нови дополнителни финансиски средства  за да се справат со оваа проблематика. Значи имаме нови финансиски средства дополнителни во делот на земјоделските субвенции. Тоа се вкупно 800 милиони денари повеќе финансиски средства од Буџет којшто е донесен во 2023 година или во делот, поточно во субвенции за производство на млеко, сточарско производство, растително производство, меѓутоа и со претходна интерна пренамена се пренаменети уште дополнителни 285 милиони денари се со цел да се добијат финансиски средства за поголемо производство и поддршка на земјоделското производство, рече Велковски. 

Во делот на социјалната проблематика, додаде тој, исто така се лоцирани плус пари од Буџетот за 2023 година, 600 милиони денари, дополнителни средства има и во делот на стопанството, во дел на енергетските субвенции, во делот на домашни компании, во делот на странските компании за коишто се продолжува субвенционирањето се со цел да имаме поголемо производство 

-Така што, мислам дека 80 милиони денари коишто се кратат од капиталните расходи, иако пак стои она општо правило коешто претходно беше споменато, меѓутоа средства се делат, но онаму каде што треба и тие треба да се потрошат до крајот на оваа година, рече Велковски, повикувајќи ја опозицијата да ја гласа ова одлука. вг/лв/

Остани поврзан