• петок, 22 ноември 2024

Собранието ја изгласа одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите

Собранието ја изгласа одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите

Скопје, 11 декември 2023 (МИА) - Собранието вечерва во рамки на 136. седница со 71 глас „за“ и еден воздржан го изгласа Дополнетиот Предлог на одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите. Со оваа одлука е предвидена прераспределба на средства од Буџетот во висина од 3,3 милијарди денари. 

Предлог - одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите претходно вечерва беше разгледана и на Комисијата за финансирање и буџет. За предлог одлуката пратениците поднесоа 74 амандмани, а беа прифатени 72. 

Заменик министерот за финансии Филип Николоски образложи дека одлуката се однесува на пренамена на средства од Буџетот за оваа година. 

- Онаму каде што има помалку реализација одат во оние кои што се со подобра реализација. Тоа е стандардно се со цел да имаме оптимизација во делот на Буџетот. Одлуката се однесува за износ од околу 3,3 милијарди денари и се прави се со цел да имаме ефикасност на буџетската година, изјави заменик - министерот за финансии. 

На дневен ред на 136. седница се и Предлог на закон за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Фондот за меѓународен развој на Организацијата на земјите извознички на нафта по Договорот за заем за Програмата за одржливост и отпорност, Предлог на закон за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Вториот проект за унапредување на социјалните услуги и Предлог на закон за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани, сите по скратена постапка. 

Како што најави потпретседателот на Собранието Горан Мисовски, продолжението на седницата ќе биде закажано дополнително. ев/нд/

Фото: Принтскрин

Остани поврзан