• понеделник, 23 декември 2024

Собирна акција за помош на лица во социјален ризик во Делчево

Собирна акција за помош на лица во социјален ризик во Делчево

Делчево, 23 март 2024 (МИА) - Во организација на Општинската организација на Црвен крст, денеска во Делчево се реализира собирна акција, со цел помош на семејства од социјален ризик. 

За таа цел на градскиот пазар во Делчево волонтери од Црвениот крст имаат поставено свој пункт, на кој ќе се врши и продажба на храна за хуманитарни цели.

-Нешта кои можат да донираат граѓаните се бироа, душеци, каучи, ќебиња, крвети, плакари, трпезариски столови и други работи кои тие сакаат да ги донираат, а сметаат дека некому може да му користат, истакнаа од Црвен крст.

Од Црвен крст потенцираа дека донациите може да се достават во Црвен крст и во текот на работните денови.

-Исто така граѓаните можат да не посетат во нашата канцеларија во Делчево, каде може заеднички да се договориме за нивните донации на кој начин и како да ги достават до нас или до лицата на кои им се потребни, додадоа од Црвен Крст Делчево.

Апелираа граѓаните масовно да се вклучат во денешната акција на тој начин помагајќи им на лицата во социјален ризик. Собирната акција е дел од реализацијата на ЦКА-ПХВ Програмата на Црвениот крст на РСМ. вс/ев/

ФОТО: МИА Архива/ Црвен крст

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан