• понеделник, 23 декември 2024

Смарт- кул-тур - поттик за туризмот, но и за рамномерен и одржлив социоекономски развој во прекуграничниот регион на Пелагонија и Корча

Смарт- кул-тур - поттик за туризмот, но и за рамномерен и одржлив социоекономски развој во прекуграничниот регион на Пелагонија и Корча
Скопје, 5 септември 2021 (МИА) – Одалечена неполни десет минути од центарот на Битола, Хераклеа линкестис е археолошки локалитет кој нуди немерливо задоволство за љубителите на археологијата и историјата и е задолжителна станица при посетата на градот. Во себе носи слоеви на историја долга еден милениум, градот бил важна станица на римскиот пат Виа Игнациа, како и значајно епископско седиште. [caption id="attachment_1601952" align="alignnone" width="1024"] Хераклеа[/caption] Посетата на Хераклеа е една од можностите во склоп на петте развиени уникатни и атрактивни туристички понуди и нивни варијации во прекуграничниот регион на Битола и Корча во рамки на Проектот SMART-CUL-TOUR, кофинансиран од страна на Европската Унија, а во рамките на Вториот повик на ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Репубика Северна Македонија и Република Албанија, 2014-2020. МИА имаше можност да ги посети овие дестинации и на хартија ја преточи убавината и привлечност на дел од овие прекрасни искуства поврзани со природните убавини, културата, историјата и гастрономијата од Битола, преку Преспа до Корча. [caption id="attachment_1601953" align="alignnone" width="1024"] Дихово[/caption] По посетата на Дихово, кој важи за локален гастрономски бренд со светски глас,  полжавите и циронките од Арвати, како и питата на баба Трајанка, познатата буковската пипер во битолското село Буково, дегустација на крап во Пустец, но и на домашното пиво од пиварата Бакревски, за кои пишувавме во првиот дел од репортажата, сега се осврнуваме на убавините на Хераклеа линкестис. Тука се и уникатните подни мозаици во двете базилики, од кои еден се смета за ремек дело на ранохристијанската уметност. Додека Амфитеатарот изграден во времето на императорот Хадријан (меѓу 1 и 2 век од н.е.) и денес е беспрекорна сцена за претстави, концерти, настапи. Со помош на средства од ЕУ надградени се потенцијалите на Хераклеја Линкестис со цел да се зачува локацијата за нови генерации и да се зголеми пристапноста и содржината за да може да се привлечат поголем број посетители на локацијата во Општина Битола. [caption id="attachment_1598112" align="alignnone" width="750"]Хераклеа Хераклеа[/caption] Битолскот музеј НУ Завод и Музеј Битола има богата постојана поставка. Сместен е во еден од најзначаните културно историски споменици во Битола, во објектот Стара касарна, монументална градба која сведочи за историското минато, настаните и личностите кои тука престојувале. [caption id="attachment_1598115" align="alignnone" width="992"]Музеј Битола Музеј Битола[/caption] Поставката вклучува прикази од периодот од праисторијата со најстарите остатоци од животот на човекот во Пелагониската котлина, кои потекнуваат од младото камено време неолитот, преку римскиот период, средновековието се до нашата современа историја. Изобилува со артефакти пронајдени на бројните археолошки локалитети низ Пелагонија, од кои некои се со исклучителна археолошка вредност. [caption id="attachment_1598116" align="alignnone" width="750"]Музеј Битола Музеј Битола[/caption] Во музејот се наоѓа и Спомен собата на Мустафа Кемал Ататурк - познатиот државник, таткото на современа Турција, животот и дејноста на големиот реформатор на Турција, кој во 1899 година завршил средно воено училиште кое било сместено во денешната зграда на Битолскиот музеј - Старата битолска касарна. [caption id="attachment_1601954" align="alignnone" width="1024"] Музеј Битола[/caption] Музеј посветен на книжевникот Стерјо Спасе во Глобочане Во чест на познатиот албански писател со македонско потекло Стерјо Спасе во неговото родно Глобочане, формиран е музеј со цел да се заштити и промовира културното наследство во Општина Пустец. [caption id="attachment_1598117" align="aligncenter" width="750"] Музеј посветен на книжевникот Стерјо Спасе[/caption] Тој се смета за еден од најзначајните претставници на современата албанска литература чие творештво е и неисцрпен извор и чувар на обредните и фолклорни традиции, кои и денес сведочат за богатиот и слоевит бит на македонското население во Мала Преспа. Музејот е сместен во зградата на училиштето во селото Глобочане, каде тој посетувал настава од најрана возраст. Училиштето било изградено во 1903 година, а во функција било се до 1989 година кога се случува поголемо иселување и празнење на селото. Поради немање ученици училиштето било затворено, а зградата препуштена на забот на времето. На иницијатива на новиот градоначалник на Пустец со европски проекти за прекуграничната соработка со градот Битола, објектот е целосно реновиран. Во еден дел во музејот ќе бидат изложени лични предмети на книжевникот, а долниот дел ќе се користи за промоции, состаноци на општината, и други настани и активности. [caption id="attachment_1598118" align="aligncenter" width="560"]Музеј посветен на книжевникот Стерјо Спасе Музеј посветен на книжевникот Стерјо Спасе[/caption] Овој музеј кој се очекува да придонесе кон културно-историските содржини на Пустец и Корчанската околија, се планира да биде отворен на крајот од овој месец. На настанот се поканети и претседателите на двете држави Илир Мета и Стево Пендаровски, вели Ефтим Митревски портпарол на општина Пустец. Сите овие дестинации во прекуграничниот регион на Битола и Корча се само дел од новите туристички пакети со богата и разновидна понуда креирани од ТА „ЈК ТРАВЕЛ“ во партиципативен и консултативен процес реализиран во рамки на Проектот SMART-CUL-TOUR кофинансиран од страна на Европската Унија, во рамките на Вториот повик на ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Репубика Северна Македонија и Република Албанија, 2014-2020. [caption id="attachment_1598123" align="alignnone" width="750"]Пустец Пустец[/caption] Развиени се пет уникатни и атрактивни туристички понуди и нивни варијации, за групен и индивидуален туризам кои се промовирани и на располагање како уникатни дестинации, за сите патници и туристи. Креирани се тематски за да ги задоволат желбите и потребите на различните целни групи и тоа како: историскa, гастрономска, адреналинска, градска и крафт понуда. Шестата туристичка понуда е најинтересна и најпривлечна бидејќи патникот/туристот може сам да си ја креира од сè што е на располагање во претходните пет туристички пакети. Голема придобивка од оваа активност е и започнувањето на деловна соработка помеѓу туристички оператори од двете земји и зголемен број посетители во целните региони што ќе овозможи одржлив развој на локалната економија. Од посебно значење е што граѓаните и заедницата од регионот се активно вклучени и даваат свој придонес во оваа приказна. Локалните жители станаа активни туристички оператори, нивните приказни, животи, вештини, како своевидни атракции за туристите, ги надополнуваат знаменитостите од туристичката понуда во регионот. Нивното искуство е непроценливо, а промената во животот на локалните жители е немерлива. Новоразвиените тури се понудени на пазарот преку системите Б2Б и Б2С, локални, регионални и меѓународни туроператори. Смарт- кул-тур цели кон поттикнување на туризмот, промовирање и заштитита на културното и природното наследство, поттикнување соработка помеѓу жителите на заедниците во прекуграничниот регион, воедно иницира разменување на знаење и искуство, со цел да се овозможи рамномерен и одржлив социо-економски развој во прекуграничниот регион на Пелагонија и Корча. Виолета Геров Фото и видео: Јованка Јанкоска https://www.youtube.com/watch?v=3OwWHlg3kKc&t=32s  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан