Словенија со највисока инфлација во последните седум месеци
- Цените на комуналните услуги се зголемени за 1,3 отсто во однос на истиот период минатата година, а храната и безалкохолните пијалаци поскапеле за 2,6 отсто. Цените на транспортот бележат раст од 1,2 отсто по претходен пад од 1,8 отсто во ноември.
Љубљана, 30 декември 2024 (МИА) - Инфлацијата во Словенија во декември достигна 1,9 отсто на годишно ниво, што е највисока стапка од мај, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во ноември инфлацијата изнесуваше 1,7 отсто.
Цените на комуналните услуги се зголемени за 1,3 отсто во однос на истиот период минатата година, а храната и безалкохолните пијалаци поскапеле за 2,6 отсто. Цените на транспортот бележат раст од 1,2 отсто по претходен пад од 1,8 отсто во ноември.
Просечната годишна инфлација за 2024 година изнесува 2 отсто. Хармонизираниот индекс на потрошувачките цени, што служи за споредба во рамките на ЕУ, се зголеми за 2 отсто на годишно ниво. ссм/
фото: пиксабеј