• петок, 19 јули 2024

Сладоледи за животните во скопската Зоолошка

Сладоледи за животните во скопската Зоолошка

Скопје, 20 јуни 2024 (МИА) - Зоолошката градина во Скопје на нејзината страница на „Фејсбук“ објави видео на кое може да се види како животни се разладуваат на горештините што ја зафатија државава.

- На екстремно топло време и животните бараат разладување. Традиционално како и секое лето подготвивме сладоледи за нашите најмили. Поздрав од Мадагаскар екипата, се наведува во објавата. бд/дма/

Фото и видео: Зоолошка градина - Скопје

Остани поврзан