• петок, 22 ноември 2024

СКРМ бара денес да биде исплатена плата за август, а со тоа и здраственото осигурување на вработените во НУ Охридско лето

СКРМ бара денес да биде исплатена плата за август, а со тоа и здраственото осигурување на вработените во НУ Охридско лето

Скопје, 8 октомври 2024

Министерството за култура и туризам, ги спори прекувремените саати на вработените во НУ Охридско лето, кои за време на фестивалот ги одработиле, но сега само за месец август, откако истите им ги исплати по планот за месец јуни и јули. Август, како и јуни и јули оваа година не се поразлични од ниту едно лето претходните 10-15 години наназад. Денес тие 20 вработени во Охридско лето, прават сѐ, односно ја вршат целата работа околу организацијата на фестивалот што не е малку, имајќи ја предвид програмата и посетеноста на фестивалот. 

Сегашниот однос на Министерството за култура и туризам со неисплаќањето на августовската плата, а со тоа оставајќи 20 луѓе со дел од нивните семејства без здравствено осигурување е за осуда и е крајно нехумано и непрофесионално, правејќи проблеми за ситуација која со години е непроменета и функционира.

Го молиме министерот за култура и туризам, да застане на страна на вработените, да им ја исплати платата, а со тоа и здраственото осигурување за месец август и сега веќе и за месец септември, а доколку понатаму утврди дека постоеле неправилности соодветно да ги санкционира, за што ќе ја има и поддршката на СКРМ. Вработените не се должни да ги трпат меѓуинституционалните недоразбирања и процеси кои можат да траат уште долго.

Синдикат на културата на Република Македонија (СКРМ)

Фото: МИА архива

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан