• понеделник, 23 декември 2024

Скопје и потребите на скопјани заглавени меѓу градоначалничката и Советот

Скопје и потребите на скопјани заглавени меѓу градоначалничката и Советот

Скопје, 9 јануари 2024 (МИА) - Локалната самоуправа не е само данок на имот и одобренија за градба, таа е сервис за сите потреби на граѓаните за урбано живеење, почнувајќи од јавен превоз, комунални услуги, чисти улици и тротоари, се до одржување зелени површини и забавни паркови. Градот Скопје во изминатата 2023 година "потфрли" во многу од овие области, a скопјани се соочија со многу проблеми како што се долги чекања по автобуските станици и гужви низ автобусите, загаден воздух, долгогодишно чекање за конечно решавање на имотно-правните проблеми за новоизградениот мост на булеварот „АСНОМ“, блокирања и метеж во сообраќајот на централното подрачје, и многу други проблеми.

Како најголема причина за целиот јаз се смета дека е недостигот на заеднички јазик помеѓу градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, и советниците од Советот на Град Скопје, каде што многу предлози се одолговлекуваат поради нивното недоразбирање, па дури и за некои од главните точки од програмата „За Модерно Скопје“ којашто градоначалничката Арсовска заедно со советниците на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја ветија пред граѓаните на изборната кампања од локалните избори во 2021 година.

Но, од друга страна се забележаа и успешни моменти на соработката помеѓу локалната власт и централната власт, кога на 20 септември Скопје се избра за Европска престолнина на културата, каде што заслугите ги имаат и Градот Скопје, и централната власт, а сето тоа се случи и со поддршката на претседателот на државата.

Во Скопје утрово има прекин во функционирањето на јавниот градски превоз. Сообраќаат само приватните автобуси, а не и оние на ЈСП „Скопје“. Вработените во ЈСП „Скопје“ за МИА изјавија дека ут

 

Потребите на Скопјани остана да го чекаат следниот автобус 

Покрај сите политички недоразбирања, скопјани се уште не ги добија ниту еколошките автобуси, ниту БТР системот, ниту пак се подобрија досегашните услови во јавниот превоз, на којшто се чекаат редици по автобуските станици и се соочуваат со огромни гужви и задоцнувања на патот кон нивната дестинација.

Набавката на 250 еко-автобуси, како и воведувањето на еколошки и брз транспорт - БТР систем, коишто беа дел од предизборната кампања на Арсовска, иако беа ставени на дневен ред во повеќе наврати пред советниците, не добија поддршка.

Околу 12 март се очекува да пристигнат од 17 до 33 нови еко-автобуси во Скопје, истакна на денешната прес-конференција градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

Откако градоначалничката Арсовска ги подели патиштата со ВМРО-ДПМНЕ, кои ја поддржаа како независен кандидат, по кризата во ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје претходната година, советниците од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ не ги гласаат предлозите на градоначалничката, претежно со образложение дека не се наведуваат детали од финансискиот дел во рамки на проектите, додека советниците од коалицијата предводена од СДСМ претежно обвинуваат дека Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ го уништуваат главниот град.

Најчист пример на ова е негативното гласање на советниците за предлогот на Арсовска за набавка на нови еколошки автобуси, за коешто советниците се согласуваат дека градот има потреба од нови автобуси и нови линии, но тие бараат одговори за начинот на воведувањето на нови линии, какви автобуси ќе се донесат итн. Градоначалничката, од друга страна предложи советниците сами да ги изберат условите за кредитирање на проектот, па дури и спецификациите за автобусите со цел побрза реализација на овој проект.

Во тој однос Арсовска во повеќе наврати двете партии, и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ги дефинира дека се коалиција ставајќи посебен акцент на тоа дека, како што вели, „во земјава ако некој не е со СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ, им следува јавен линч“.

На сето ова претходеше и кризата со приватните автобуски превозници кој започна кон крајот на 2021 година. Приватните превозници не возеа поради заостанат долг од страна на Град Скопје, односно Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје, додека Арсовска тврдеше дека нема долгови кој приватните превозници.

Сепак на крај, тие успеаја да се договорат во март 2023 година, за конечно потпишување на нов договор помеѓу приватните превозници и ЈСП – Скопје на 23 мај, по којшто на 24 мај приватниците повторно почнаа да сообраќаат низ улиците на Скопје.

Метеж на улиците, ѓубре по тротоарите

Сообраќајниот метеж, каде што централното градско подрачје се соочува со блокирање и отежнато движење на возилата, е се позачестена појава во главниот град. Сето тоа стигна дури и до размери на препукувања помеѓу Арсовска и Министерството за внатрешни работи, со тоа што на 7 декември, кој може да се одбележи како најхаотичен ден за сообраќајот на Скопје, кога одреден период сите семафори не работеа, Арсовска изјави дека ќе бара објаснување од МВР за исклучокот на семафорите, додека од МВР реагираа со соопштение каде што се посочува дека надлежен орган за управување и контрола на сообраќајот на крстосниците на подрачјето на Скопје е Град Скопје преку Центарот за управување и контрола на сообраќајот (ЦУКС).

Од утре престанува да важи одлуката за бесплатен јавен градски превоз која времено беше донесена како една од пакетот мерки на Град Скопје за намалување на загадувањето на воздухот, информира

Главниот град забележа проблем и со ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, кога летото претпријатието отпушти низа вработени, а тоа ескалираше со протести на вработените од ова претпријатие со барања за повисоки плати и враќање на отпуштените колеги од работа, за потоа случајот да се претвори во поголема криза кој резултираше со затрупување на отпадот низ контејнерите по улиците на Скопје.

Постои ли размислување, идеја или пак постапка/проект за нов систем за собирање и отстранување на сметот од домаќинствата со што поскоро ќе се надминат долгогодишните слики низ Тетово каде по

По неколкудневните препукувања помеѓу тогашната директорка на Комунална хигиена, Косана Николиќ Мазнева, и вработените од претпријатието, коишто во меѓувреме добија и поддршка од синдикалните организации, конечно се постигна договор меѓу нив и директорката на претпријатието.

Од ЈП Комунална хигиена-Скопје укажуваат дека и покрај континуираните активности за расчистување, во реонот на населбата Топаана речиси секојдневно се создаваат диви депонии како резултат на

Во текот на годината, како и секоја претходна година, Скопје се соочува и со сериозен проблем со дивите депонии, каде што несовесни граѓани го фрлаат отпадот неконтролирано во различни точки низ скопските општини, кои претставуваат сериозен ризик за околината и за здравјето на граѓаните. Иако ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје реагира соодветно со чести расчистувања на овие депонии, сепак тие апелираат на совесност кај граѓаните да се фрла отпадот во соодветните места односно поставените контејнери низ град коишто, како што велат, редовно се чистат од страна на службите на претпријатието.

Култура и аерозагадување - бараат соработка и заложба од сите

Одговорноста на благосотојбата на граѓаните колку што е на локалните власти толку припаѓа и на централната власт, а како успешен пример за тоа во текот 2023 година беше кога нашиот главен град се избра за Европска престолнина на културата во 2028 година.

Изборот се случи на 20 септември 2023 година во Домот на европската историја во Брисел, каде што Арсовска рече дека имала навистина силна поддршка од Министерството за култура и министерката Бисера Костадиновска-Стојчевска, од Владата, од претседателот на државата, како и од голем број наши и странски збратимени градови.

Прогласувањето на Скопје за „Европска престолнина на културата за 2028 година“ претставува голем успех за нашата држава, особено имајќи ги пред вид определбите што ги имаме како земја што се

Таа потенцираше дека програмата ќе почне да се имплементира уште во јануари 2024 година и во текот на следните години националните и европските уметници ќе учествуваат на стотици културни настани кои ќе кулминираат во 2028 година.

Но, не може да се каже дека соработката помеѓу централната власт и локалната самоуправа, во случајов Министерството за животна средина и просторно планирање и Градот Скопје, е на исто ниво и околу проблемот со аерозагадувањето каде што Скопје мината година иако не е врвот на светските листи за најзагадени граодви сепак е на горниот дел од тие листи.

Во однос на тоа, градоначалничката Арсовска посочува дека тројно е зголемен бројот на инспекциски надзори од градот, како и бројот и сумата на глоби кои се изречени и наплатени кон оние што се загадувачи.

-Надлежностите и ресурсите на Градот Скопје за справувањето со аерозагаувањето се лимитирани.  Она што е во наш домен е во целост спроведено, а со препораки треба да излезе Министерството за животна средина вели Арсовска.

Додека министерката за животна средина, Каја Шукова, информираше дека ниту една општина досега нема доставено краткорочен акциски план до Министерството за животна средина, за преземените мерки за намалување на аерозагадувањето во ситуации на надминување на дозволените гранични вредности, но рече дека анализите покажуваат дека 45 отсто од загадувањето доаѓа од домаќинствата, но и од јавни институции кои не  користат еколошки системи за затоплување и спомна дека во 70-ина институции во наредните две години ќе се заменат системите.

На крајот на годината остри критики беа упатени кон градоначалничката Арсовска и за украсувањето на градот за дочек на новата 2024 година. Критиките најмногу се концентрираа на задоцнетото украсување, како и на нетранспарентноста на градоначалничката во врска со целата организација, кој на крај резултираше со украсување на градот на 15 декември но и упаѓањето на финансиските инспектори на 25 декември во канцелариите на Град Скопје за проверка на јавниот повик за новогодишното украсување од каде што се уште се чека да објават извештај околу тоа. 

Харис Сулејман

Фото: МИА архива

Остани поврзан