• понеделник, 23 декември 2024

„Скопско лето“ од 21 јуни, триесет настани дел од програмата

„Скопско лето“ од 21 јуни, триесет настани дел од програмата
Скопје, 17 јуни 2022 (МИА) - Околу триесетина настани - концерти, театарски претстави, изложби и програми за деца оваа година ќе го одбележат 43-то издание на Скопско лето, што ќе се одржи од 21 јуни до 30 јули. Официјалното отворање на првиот ден од летото ќе почне со концерт на Европскиот Креативен Оркестар при Институтот „Фаме'С“. Според директорот на Дирекцијата за култура и уметност Скопје, Никола Глигоров, и оваа година создадена е програма која ќе одговара на потребите на интересот на граѓаните на Скопје. -После две години од коронавирусот, полека се враќаме на старите патеки. Овој фестивал има своја мултимедијална програма, сака да комуницира од најмладите до повозрасните, со оние кои имаат поистенчени и естетски вкусови но и оние кои можеби културата малку повеќе ја сфаќаат како забава. Скопско лето секогаш опстојува на тоа да гради високи естетски критериуми кај публиката а тоа го правиме благодарение на смаите уметници, додаде Глигоров. Тој најави дека годинава ќе има 30 настани, а како и секоја година, најзастепана ќе биде музиката, но ќе има и театарски претстави, изложби, фото изложби, ќе има програми за деца и оваа година како и секоја основата на програмата ја претставуваат нашите домашни уметници, но годинава има и богат избор  на меѓународни програми. Ќе има гости уметници од Јапонија, па се до САД и Канада, но и гости од регионот, од соседните држави, од Бугарија, Грција, Црна Гора, Србија но и од европските држави. -Мислам дека годинава ќе и овозможиме на публиката како и годините наназад да ужива во уметничките дострели на творците, и секако даваме можност и за помладите уметници, рече Глигоров. Скопско лето ќе почне со концерт на Европскиот Креативен Оркестар при Институтот „Фаме'С“ составен од музичари од неколку европски држави. Концертот ќе се одржи на 21 јуни во салонот на НОБ. Како што додаде Глигоров, концертот е по повод затворањето на претстедателството на Советот на Европа на Франција. -Овој концерт ќе го одржи креативниот оркестар при Институтот „ФАМЕ'С“ за отворањето на фестивалот, и со тоа ќе ни овозможи да го затвориме француското претседателство на Советот на ЕУ со еден многу убав културен настан. Овие изминати шест месеци беа многу важни за нас бидејќи Француското претседателство со Советот на ЕУ е нешто што се случува секои 13 години и ние сме среќни што ќе завршиме со еден навистина многу убав настан, рече на денешната прес-конференција Иго Бештел, советник за култура и соработка во Француската Амбасада во Скопје. ние во рамките на овие шест месеци организиравме еден циклус на четири дебати кои беа пред се наменети за младите а кои што беа на тема Четирите големи приоритети на француското претседателство со советот на еу се мисли на дигиталната преобразба или револуција, еворпксата сувереност како, тука се климатските предизвиди и последната тема социјална европа Од Насијемота од проектот „Фејмс“ на прес-конференцијата денеска посочи дека „Фаме'С“ е институт специјализиран за оркестарско снимање на музика за медиуми, за меѓународни продукции на кино, аудиовизуелни проекти и видео игри. -Вработуваме повеќе од 150 професионални класични музичари од целиот Балкан. Имаме регистрирано за овие 15 години над 3.500 проекти, во нашето студио во Скопје во Автокоманда. Ова уште еднаш го потврдува ценетиот труд и квалитетот на нашите музичари што ги ангажираме од овде, и се заблагодаруваме за нивното учество и влијанието кое го имаат во Северна Македонија и на меѓународно ниво, додаде Насијемота. Годинава во рамки на фестивалот меѓу другото ќе се одржат театарските претстави „Нема да е крај на светот“, „Торонто Експрес“, „Последната лента на Крап“, театарска претстава за деца „Во детска соба“, концерт на „Танец“, изложба на Пол Ванд од САД „Природа на математиката“, концерт на „Џим Политис Квартет“.бт/лв/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан