• вторник, 17 декември 2024

Скариоло увери: Фернандез е добро, но веројатно ќе го пропушти следниот меч

Скариоло увери: Фернандез е добро, но веројатно ќе го пропушти следниот меч

Париз, 30 јули 2024 (МИА) - Селекторот на машката кошаркарска репрезентација на Шпанија, Серхио Скариоло, увери дека 39-годишниот Руди Фернандез е добро откако тимот запиша победа над Грција со 84:77 во вториот натпревар од групната фаза на Олимпискиот турнир во Париз.

Фернандез беше принуден да излезе од теренот со преостанати 5:33 на натпреварот од Стад Пјер Моро во Лил, а навивачите го испратија со овации.

Ветеранот се чинеше дека е повреден по судир со соиграчот Хуанчо Ернангомез и предизвика стравувања дека ова е негов последен меч, бидејќи својата натпреварувачка кариера ќе ја заврши по Олимпијадата.

Скариоло подоцна им објасни на медиумите дека ситуацијата не е толку сериозна, но Фернандез сепак може да го пропушти следниот натпревар.

-Руди е добро. Беше доста силно удрен, но нема ризик од нешто сериозно. Тој сепак ќе биде прегледан во следните неколку часа бидејќи е под знак прашалник за нашиот следен меч, прокоментира Серхио Скариоло.

Кошаркарската репрезентација на Шпанија во петок ќе игра против Канада во својот трет натпревар од групната фаза на Олимписките игри. дс

Фото: Архива

Остани поврзан