• недела, 06 октомври 2024

Си: Кина ќе го интензивира развојот на технолошките иновации за поголем раст

Си: Кина ќе го интензивира развојот на технолошките иновации за поголем раст
Пекинг, 24 август 2020 (МИА) - Кина ќе го интензивира развојот на технолошките иновации со мобилизирање на националните ресурси и врвни светски истражувачки тимови со цел поттикнување на поквалитетен раст, најави денеска кинескиот претседател Си Џинпинг, кој учествува на економски и академски семинар. Како што објави државната телевизија, Си рече дека Кина ќе ја отвори својата економија уште повеќе и активно ќе учествува во реформата на глобалниот економски развој, со цел да се поттикне порамноправен и рационален систем на управување. паг/
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан