• понеделник, 23 декември 2024

Сиљановска-Давкова идната недела ќе го додели мандатот за состав на новата влада

Сиљановска-Давкова идната недела ќе го додели мандатот за состав на новата влада

Скопје, 30 мај 2024 (МИА) - Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова идната недела ќе го додели мандатот за состав на новата влада. Од Кабинетот на претседателката за МИА ја потврдија информацијата. 

Рокот за доделување на мандатот за состав на идната влада истекува на 7 јуни.

Согласно Уставот, претседателот на државата е должен во рок од десет дена од конституирањето на Собранието да го довери мандатот за состав на Владата на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието, а мандаторот во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, треба до Собранието да го достави составот и програмата на владата. 

Владата, на предлог на мандаторот и врз основа на програмата, ја избира Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

Новиот собраниски состав беше избран на конститутивна седница во вторникот. Истиот ден за претседател на Собранието беше избран Африм Гаши. бак/ац/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан