• петок, 05 декември 2025

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваната амбасадорка на Виетнам, Нујен Ти Мин Нујет

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваната амбасадорка на Виетнам, Нујен Ти Мин Нујет

Скопје, 4 декември 2025 (МИА) - Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Социјалистичка Република Виетнам, со седиште во Софија, Нујен Ти Мин Нујет.

Како што соопшти Кабинетот на претседателката, во обраќањата на церемонијата обете изразиле подготвеност за поблиска соработка во духот на добрите македонско-виетнамски релации, заемното разбирање и меѓусебно почитување.

Сиљановска-Давкова изразила увереност дека новоименуваната виетнамска амбасадорка со своето дипломатско искуство значително ќе придонесе за збогатување и интензивирање на соработката.

Амбасадорката, пак, ја нагласила својата посветеност на унапредувањето на билатералните односи за доброто на двата народа.

На средбата, како што се наведува во соопштението, биле идентификувани значајни можности и неискористен потенцијал за унапредување на соработката на политички и економски план, во образованието, науката, земјоделството, здравството, туризмот, културата, како и во меѓународните организации и институции.

Според Сиљановска-Давкова во овие области двете земји можат да понудат многу повеќе.

Претседателката Сиљановска-Давкова ѝ посакала на амбасадорката Нујен Ти Мин Нујет успех во извршувањето на значајната и одговорна функција. дма/са/

Фото: Кабинет на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан