• вторник, 02 јули 2024

Сите куќи од село Ваташа до месноста „12 Ваташки младинци" се приклучуваат на фекална канализација 

Сите куќи од село Ваташа до месноста „12 Ваташки младинци

Кавадарци, 25 март 2024 (МИА) - Сите куќи од село Ваташа до месноста „12 Ваташки младинци" се приклучуваат на фекална канализација, информираа попладнево од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.  

- Во тек е изградбата на водоводна и канализациона мрежа како и реконструкцијата на каптажите во месноста Моклиште. Прва фаза, со која е опфатен фекален колектор во должина од 1.600 квадратни метри, од село Ваташа до месноста ,,12 Ваташки младинци", соопштија од кабинетот на Јанчев. 

Оттаму потсетија, дека доделени се средства од Министерството за животна средина во износ од 4.000.000 денари, додека останатите 3.400.000 денари се инвестиција на Општината. 

- Со изградбата на овој фекален колектор, сите куќи од село Ваташа до ,,12 Ваташки младинци" ќе бидат приклучени во фекалната канализација и нема да имаат никаков проблем во однос на истата во иднина. Изведувач на работите е ,,АС машини", додадоа од кабинетот на Јанчев. свд/дма/


Фото: Фејсбук на градоначалникот Митко Јанчев 

Остани поврзан