• вторник, 05 ноември 2024

Системот „Патриот“, романска донација, пристигна во Украина

Системот „Патриот“, романска донација, пристигна во Украина

Киев, 3 октомври 2024 (МИА) - Системот за противвоздушна одбрана „Патриот“, што Романија му го подари на Киев, пристигна во Украина, потврдија денеска за Радио Слободна Европа од романското Министерство за одбрана.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера и се заблагодари на Романија за донацијата, но и побара од членките на НАТО во соседството на Украина да работат на соборување руски беспилотни летала и ракети.

„Благодарност до секоја земја која навистина ни помага во противвоздушната одбрана. Особено и благодарам на Романија за системот „Патриот““, рече Зеленски.

Романската влада во септември го усвои последниот нормативен акт неопходен за донирање на системот „Патриот“ на Украина. Во документот, што е доверлив, се наведува дека Романија ѝ го дава системот Патриот на Украина на бесплатно користење.

Романското Министерство за одбрана претходно посочи дека ќе испорача еден од седумте системи Патриот во конфигурацијата 3+ што Романија ги купи од САД.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан